
Соопштение на СДСМ:
Мицкоски и ВМРО денеска се фалат дека „ќе има брза пруга”, а дека „нема мигранти”.
Ова е уште една во низата нивни лаги.
Пред неколку дена јасно кажавме: Скопје не е на мапата на европската брза пруга.
Нема проект, нема пари, нема ништо. Сега, кога немаат што да кажат, повторно се фалат со празни ветувања.
Сето ова Мицкоски го прави затоа што сака предвремени избори.
Нема ниту еден реален успех на оваа влада, па повторно мора да измислува проекти како предизборни ветувања.
Така ветуваше промена на името, укинување на Преспанскиот договор, па сега ветува брза пруга.
Истото важи и за мигрантите. Уште на почетокот на годината предупредивме дека Мицкоски договара мигранти. Тоа го потврдија и светски медиуми.
Во Давос, освен средбата со 4iG (компанија која сега е под истрага во Унгарија), имал и посебна средба токму за „економски работници”.
Во Европа се зголемуваат протестите против мигранти.
Европската унија усвои правила со кои им овозможува депортација на мигранти во трети земји.
Македонија ја гледаат токму на тој начин – како земја во која може да се носат – затоа што нема напредок во реформите и на патот кон ЕУ.
Мицкоски ја изолира земјата, а потоа ќе прифати мигранти за пари.
Тоа се „економските работници” како што ги прекрстија со закон.
Владата во јануари донесе уредба за 10.000 оваа година, а Николовски најави зголемување на 50.000 нови економски работници.
Реалноста е едноставна:
Нема да има брза пруга, затоа што нема пари.
Ќе има мигранти, веднаш по изборите, затоа што нема пари.
Кога државата е финансиски исцрпена, а Мицкоски и неговата банда продолжуваат да трошат на клиентелизам и пропаганда, тогаш нема инвестиции, нема развој, туку има само увоз на евтина работна сила за да се одржи системот.
Мицкоски повторно лаже.
Ги лаже граѓаните, ги лаже своите членови, ги лаже и коалиционите партнери. А најмногу – се лаже сам себе дека може да ја прикрие вистината.
Нема пруга. Ќе има мигранти.



