
Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишија од слобода 12 лица кај кои била пронајдена дрога.
На 12.06.2026 во 21:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија ги лишија од слобода С.К.(21), К.П.(20) и А.С.(21), сите од Гевгелија. Тие биле затекнати како во патничко возило „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки употребуваат марихуана, а кога им пристапиле полициските службеници се обиделе да побегнат и до возилото фрлиле марихуана, која е пронајдена и одземена. Остатоци од марихуана се пронајдени и при преглед на возилото. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.
Ноќеска (13.06.2026) во 00:30 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Т.М.(52) од Гевгелија. При преглед на патничко возило „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Т.М., била пронајдена марихуана. За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.
На 12.06.2026 во 19:55 часот на бул.,,Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишија од слобода С.П.(45) од Охрид. При преглед на патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал, кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
На 12/13.06.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.Д.(40), Ч.И.(36), Д.К.(30), Д.Б.(19), Б.Х.(20) и 17-годишник, сите од Скопје, како и А.Н.(22) од с.Желино, тетовско, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста и бела грутчеста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.



