Радев: Ризикот војната да ескалира како паневропска е реален

Бугарскиот претседател Румен Радев вели дека има ризик да избие светска војна. Според него војната е најголем непријател на трудот, и она што е градено со години, се урива за неколку секудни.

-Ризикот војната да ескалира како паневропска, па дури и глобална е реален. Има политичари кои се подготвени на таков опасен чекор – да ја загрозат иднината на Бугарија во интерес на нивните себични цели, нагласи денеска Радев.

Според бугарскиот претседател сите можат да бидат жртви на оваа војна.  Бугарија веќе трпи индиректни штети од оваа војна во енергетиката и економијата. Се смета дека ќе порасне бројот на Бугари кои ќе бидат сиромашни. На 24 февруари, Русија ја нападна Украина. Рускиот претседател Владимир Путин досега повеќе пати предупреди да не се мешаат други земји.

Треба да знаете
Последни објави