Skip to main content
Македонија

СДСМ: Мицкоски од „нема избори” до „избори многу скоро”

11/06/2026  14:17

Соопштение за јавност на СДСМ:

Мицковски денес изјави дека парламентарни избори ќе има многу скоро. 

Ова доаѓа откако со месеци тврдеше дека нема да има предвремени избори и дека мигрантите, односно економските работници нема да доаѓаат оваа година. 

Сега, одеднаш, изборите се „многу скоро”.

Ова не е прв пат Мицковски да ја менува приказната според моменталната потреба. 

Има двајца Христијан Мицкоски. 

Едниот ќе го враќаше името, најавуваше поништување на Преспанскиот договор а другиот го прогласи за ремек-дело на дипломатијата. 

Едниот беше против НАТО, другиот сега го фали со членството. 

Едниот со Латас водеше антиевропска кампања, другиот во странство кажува дека ќе прави реформи и дека оди кон Европа.

Исто е и со изборите. 

Додека имаше пари и можност да се задолжува, Мицкоски тврдеше дека избори нема да има. 

Сега, им снемува пари, не може да ја задолжува државата и граѓаните колку што сака, одеднаш изборите вели дека се „многу скоро”.

Мицковски и неговата банда се плашат од моментот кога ќе немаат повеќе пари за да ја одржуваат власта и тендерите. 

Затоа, штом ќе им снема пари за задолжување, ќе побрзаат кон избори.

На сите сега им е јасно. 

Нема веќе граѓанин во Македонија што не знае дека Мицкоски дојде на власт со лаги и дека денес владее со лаги.