Skip to main content
Свет

Зеленски разговарал со Виткоф и Кушнер

09/06/2026  08:38

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека имал „позитивен“ разговор со американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер и ја пофали нивната посветеност на работата за решавање на војната во Украина во наредните недели.

„Многу позитивен разговор“, рече Зеленски, опишувајќи го разговорот за време на посетата на Кишињев, главниот град на Молдавија. Тој, исто така, изрази благодарност до американската страна за нејзината подготвеност да работи поактивно во наредните недели за зајакнување на дипломатијата за ставање крај на војната на Русија против Украина, објави Ројтерс.

Зеленски се враќаше во Киев по разговорите во Лондон со лидерите на Велика Британија, Франција и Германија за тоа како понатамошно решавање на војната, која трае повеќе од четири години.