Skip to main content
Хроника

Турски државјанин пронајден починат во хотел во Скопје

07/06/2026  15:47

На 06.06.2026 околу 16:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека во соба во хотел на подрачјето на Бит Пазар бил пронајден починат С.Е.(63) од Р.Турција со престој во државата. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.

Извршен е увид, а по насоки од јавен обвинител телото на починатиот е предадено во судска медицина за обдукција.