Skip to main content
Македонија

Aqua Park Пробиштип ја отвори јубилејната 15 сезона

03/06/2026  12:43

Лето исполнето со 20+ атракции, концерти, тематски настани и забава на само еден час од поголемиот дел од Македонија
Пробиштип, 3 јуни 2026 – Aqua Park Пробиштип, едно од најпрепознатливите летни дестинации во Македонија, денес официјално ја отвори својата 15-та јубилејна сезона, означувајќи го почетокот на уште едно лето исполнето со водени атракции, музика, релаксација и динамична забавна програма за сите генерации.

Aqua Park Пробиштип повторно ги отвори вратите за посетителите од целата држава, продолжувајќи ја приказната која веќе петнаесет години претставува симбол на летна забава, дружење и незаборавни моменти. Јубилејната сезона носи нова енергија и дополнително ја зацврстува позицијата на паркот како една од најатрактивните во Македонија.
И ова лето посетителите ќе можат да уживаат во повеќе од 20 атракции и содржини, меѓу кои базени, водени атракции, адреналински тобогани, џакузи, простори за релаксација и сончање, family-friendly зони, богата понуда на храна и пијалоци и современ open-air амбиент создаден за вистинско летно уживање.

Посебна вредност на Aqua Park Пробиштип претставува концептот кој нуди различно искуство во зависност од денот. Во текот на работната недела посетителите можат да уживаат во мирна, релакс и chill атмосфера, идеална за одмор и бегство од секојдневието, додека викендите паркот добива поенергична димензија исполнета со музика, динамика и забавна атмосфера која создава вистинско summer entertainment доживување.

Јубилејната сезона 2026 носи и богата музичко-забавна програма со концерти на локални и регионални ѕвезди, DJ настапи, ноќни и дневни забавни stand-up comedy концепти, teen и family настани, водени лудории и тематски викенди, претворајќи го Aqua Park Пробиштип во една од најживите летни entertainment точки во земјата. Во текот на летото посетителите ќе имаат можност да уживаат во настапи и гостувања на бројни домашни и регионални музички имиња, DJ артисти и тематски програми, кои дополнително ќе ја збогатат летната атмосфера.

„15 години Aqua Park Пробиштип претставува место каде што се создаваат спомени, дружења и незаборавни летни моменти. Јубилејната сезона ја подготвивме со многу нова енергија, квалитетна програма и содржини за сите генерации. Нашата цел останува иста – да понудиме комплетно летно искуство, и за релакс и за забава, на едно место“
– Менаџмент на Aqua Park Пробиштип.

Лоциран во источниот дел на Македонија, Aqua Park Пробиштип е лесно достапен и се наоѓа на само околу еден час возење од поголемиот дел од градовите во државата, што го прави идеална дестинација за еднодневен одмор, викенд дружење или летна авантура. Со добра патна поврзаност и современ entertainment концепт, паркот претставува природен избор за посетители од Скопје, Куманово, Велес, Штип, Кочани, Струмица, Кавадарци како и од поодалечените Прилеп и Битола но и многу други градови.

Дополнителна предност на Aqua Park Пробиштип е неговата достапност и исплатливост како летна дестинација. Со содржини за целодневен престој, разновидна понуда и можност за комплетно летно доживување на едно место, паркот претставува атрактивен избор за семејства, млади, друштва и посетители од различни генерации. Комбинацијата од пристапна локација, богата програма и вредност за вложеното искуство го прави Aqua Park Пробиштип практичен и економичен избор за летен одмор и забава.

Сезоната официјално започна денес и ќе трае до септември, носејќи месеци исполнети со вода, музика, енергија и летни моменти кои долго се паметат.

(ПР)