
Премиерот Христијан Мицкоски попладнево пред Владата го пречека претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, кој во рамки на турнејата низ земјите од Западен Балка, денеска престојува во Скопје.
Кошта пристигна во Скопје од Тирана, а на скопскиот аеродром беше пречекан од министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.
Мицкоски и Кошта во Владата ќе имаат тет-атет средба по што ќе следува состанок помеѓу владината делегација и делегацијата предводена од претседателот на Европскиот совет.
Мицкоски и Кошта потоа ќе одржат заедничка прес-конференција во Владата.

