Skip to main content
Магазин

Почина Сејда Бешлиќ, сопругата на легендарниот Халид Бешлиќ

01/06/2026  19:27

Сејда Бешлиќ, сопругата на легендарниот пејач Халид Бешлиќ, почина по долга и тешка болест, објавија регионалните медиуми.

Тажната вест доаѓа помалку од една година по смртта на нејзиниот сопруг, со кого помина речиси цел живот исполнет со љубов, почит и меѓусебна поддршка. Според информациите нејзината здравствена состојба значително се влошила по загубата на Халид, по што водела тешка битка со болеста во последните месеци.

Сејда и Халид Бешлиќ со децении важеа за еден од најскладните и најпочитувани брачни парови на балканската музичка сцена. Нивната љубовна приказна често беше посочувана како пример за верност, разбирање и безусловна поддршка.

Додека Халид ја градеше својата богата музичка кариера и освојуваше генерации обожаватели, Сејда секогаш беше покрај него, далеку од очите на јавноста, но како негов најголем столб и поддршка.

По смртта на славниот пејач, нејзиното здравје постепено се влошувало, а семејството и блиските биле покрај неа до последните денови.

Нејзините најблиски, пријателите и бројните почитувачи на семејството Бешлиќ денес се простуваат од жена која ќе остане запаметена по својата скромност, достоинство и безрезервната посветеност кон семејството и сопругот со кого помина повеќе децении.