ФК „Кит Го” во хумана акција: Донација за лекување на Томе Јанев

Фудбалскито клуб „Кит Го” од Пехчево со одлука на раководството на клубот се вклучува во акцијата за помош на поранешниот фудбалер на бројни домашни прволигашки клубови, Томе Јанев, на кого му е неопходен итен медицински третман во странство.

-ФК „Кит Го” одлучи, клубот во име на сите фудбалери и негови вработени, да донира 60.000 денари како помош што побрзо да се соберат неопходните финансиски средства за лекување на Јанев, велат од ракововодството на ФК „Кит Го”.
Дваесет и деветгодишниот Томе Јанев, кој е поранешен фудбалер на Брегалница, Силекс, Хоризонт Турново и Беласица, боледува од ALS – болест на моторниот неврон. За да се подобри неговата состојба потребно е да оди на медицински третмани во болницата “Sential” во САД. Но, сумата од 44.500 долари е преголема за него и неговото семејство, поради што му е неопходна финансиска помош.
Сите лица и компании, за помош на Јанев, може да донираат на телефонските броеви на Македонски Телеком 143-454 и преку жиро сметка: 210-5017071183-75 (НЛБ Тутунска банка).
Треба да знаете
Последни објави