Skip to main content
Хроника

Малолетник со мопед удрил во пешак во Гевгелија, двајца тешко повредени

29/05/2026  13:38

На 28.05.2026 година во 22:45 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека на булевар „Гевгелија” мопед со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од 16 годишен малолетник од Гевгелија удрил во пешакот В.С.(57) од Гевгелија.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле пешакот и 17 годишен сопатник на моторот од село Моин, гевгелиско.

Повредите се констатирани во Медицински центар Гевгелија, а увид на местото изврши екипа на ОВР Гевгелија.