Skip to main content
Хроника

Повреден турски државјанин во кичевско, сечел гранки и паднал

29/05/2026  12:14

На 28.05.2026 година во 10.40 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека во работнички камп лоциран во кичевското село Извор, турскиот државјанин Ш.А.(57), вработен во градежна фирма, при самоволно извршување на сеча на гранки од дрво и невнимание, паднал и се здобил со скршеници.

Тој, со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Специјалната болница „Св. Еразмо” во Охрид.