Skip to main content
Свет

НАТО ја осудува руската неодговорност со паднатиот дрон во романскиот град Галаци

29/05/2026  11:04

Откако руски дрон удри станбена зграда во центарот на романскиот град Галаци, се огласи и НАТО. Портпаролката на Алијансата, Алисон Харт, изјави дека генералниот секретар Марк Руте е во контакт со романските власти и дека НАТО ја осудува „руската неодговорност“.

Во порака објавена на социјалната мрежа X, портпаролката подетално го објасни ставот на Алијансата.

„Утрово, дрон удри станбена зграда во Романија, во контекст на руските напади врз украинската инфраструктура во близина на границата. Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е во контакт со романските власти. Ја осудуваме руската неодговорност. НАТО ќе продолжи да ја зајакнува својата одбрана од сите закани, вклучително и оние од беспилотни летала“, се вели во соопштението.