Skip to main content
Хроника

Трагедија во Скопје: Жена починала во пожар во куќа

28/05/2026  10:08

Возрасна жена починала во пожар кој синоќа избувнал во нејзината куќа во Пинтија.

-На 28.05.2026 во 01:48 часот во СВР Скопје е пријавено дека во куќа, сопственост на С.К.(45), а во која живеела и нејзината мајка М.В.(85) во населба Пинтија во Скопје, настанал пожар. Од повредите здобиени во пожарот, починала М.В., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, информира МВР.

Пожарот е изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Полициски екипи во текот на денот ќе извршат увид.