Skip to main content
Македонија

ЗА ПРВ ПАТ ОВАА ГОДИНА: Во Македонија температурите надминаа 30°C

26/05/2026  11:35

Метео анализа на Славчо Попоски:

Територијата на Македонија се наоѓа под влијание на умерен топол бран со потекло од Африка и истиот условува да имаме пријатни летни температури на воздухот кое се околу просекот за овој период од годината. Сепак атмосферата не е во целост стабилна, па во попладневните часови се создаваат услови за развој на локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.

Инаку за прв пат оваа година во Македонија вчера Понеделник 25 Мај 2026 температурите надминаа 30 степени, и тоа во Демир Капија каде што температурата достигна до 31 степен.

На метеоролошката карта можете да ги видите максималните дневни температури измерени во Македонија во текот на вчерашниот ден Понеделник 25 Мај 2026.