Skip to main content
Хроника

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило, деветмина возеле без возачка дозвола

25/05/2026  15:21

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило.

Од нив, деветмина управувале возило без возачка дозвола (тројца во прилепско и по еден во Желино, Гостивар, кичевско, Куманово, Скопје и Делчево), двајца под дејство на алкохол (Гевгелија и Скопје) и тројца со активна забрана за управување (Кичево, Куманово и Велес).

По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.