Skip to main content
Македонија

Оваа седмица летни температури од над 30 степени

25/05/2026  08:34

Метео анализа на Славчо Попоски:

Новата седмица ни носи летни температури во Македонија кои на повеќе места ќе се искачуваат помеѓу 25  и 30 степени, додека во централните  и во југоисточните предели, како и во Скопската котлина температурите ќе надминуваат 30 степени.

Очекувам постабилна атмосфера во текот на новата седмица, но повремено и локално повторно секако може да рачунаме на развој на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Сепак, за разлика од западна  и југозападна Европа каде е многу топло, засега кај нас не очекувам екстремно високи температури на воздухот и тие ќе бидат далеку попријатни и поумерени.