
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ објави дека изборите ќе се одржат помеѓу септември и ноември.
Вучиќ изјави дека ако победи друга листа, ќе ги признае резултатите од изборите, но исто така рече дека секогаш ќе се залага за дијалог.
„Ќе се борам за обединета Србија, но тоа не значи дека ќе има едногласност. Тоа значи дека ќе биде јасно кој има мнозинство, дека ќе го спроведат својот план и програма“, рече Вучиќ.
Тој наведува дека негова цел е Србија да гради, да се развива и да биде модерна.
Зборувајќи за протестите, Вучиќ рече дека тие биле нерегистрирани, „криминални собири“.
„Тие ги окупираат нашите патишта, нашите автопати, нашите улици. Тие постојано се вклучуваат во насилство“, рече Вучиќ.



