Skip to main content
Хроника

Кривична за кичевчанец, запалил смет во двор и предизвикал пожар кој се проширил

21/05/2026  19:44

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Г.С.(67) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”.

На 22.03.2026 во атарот на с.Горна Душегубица, пријавениот запалил смет во дворното место на неговата куќа, кој се проширил и предизвикал пожар во Шумско-стопанска единица „Стогово-Лопушник”.