Skip to main content
Македонија

Филипче до Мицкоски: Да ги спроведеме уставните измени, да не го пропуштиме возот за ЕУ

21/05/2026  16:18

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, го повика Христијан Мицкоски на заедничко преземање на одговорноста за уставните измени, заради иднината на младите и државата. 

„Апелирам до премиерот Христијан Мицкоски заеднички ја преземеме одговорноста и ја споделуваме одговорноста за спроведување на уставните измени и понатаму за текот на преговори и за каков било предизвик со којшто ќе се соочиме. Да не го испуштиме моментот. Ќе останеме надвор од сите процеси. Ќе останеме слепо црево на Балканот. Ќе останеме без буџети. Нема да имаме од што да преживееме овде во државата. Младите сите ќе заминат оттука ако запре овој процес вака”, рече Филипче.

Филипе нагласи дека сите политички чинители треба заеднички да работат на процесот на евроинтеграции и додаде дека не постои ризик за македонскиот идентитет.

„Не постои ризик по ниту една идентитетска одредница. Доколку сега го пропуштиме овој воз, ја пропуштиме оваа можност. Апелирам да му кажеме на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, дека ќе го направиме следниот чекор, дека ќе ги направиме уставните измени, имајќи предвид дека пред една година, кога претседателот Кошта беше тука и јасно кажа, не постои план Б”, потенцираше Филипче.

Филипе повика државата да испрати јасна порака до европските институции дека ќе ги направи сите потребни чекори за да продолжи европскиот пат.

„Денеска видовме уште еден сигнал којшто е сигнал дека постои волја за проширување во Европската унија. Тоа е ноун пејперот од германскиот канцелар Мерц. Апелирам премиерот Христијан Мицковски да не го користи овој ноун пејпер како дополнително алиби и изговор да не се направат следните чекори коишто како што сите укажуваат, не може да бидат променети. Ја споделуваме одговорноста. Да ги направиме уставните измени и после тоа седиме заедно на маса, додека траат преговорите, додека се отвораат и затвораат преговорите по поглавјата”, рече Филипче.