Skip to main content
Свет

Арагчи предупреди: Нов конфликт со Иран ќе им донесе многу повеќе изненадувања на САД и Израел

20/05/2026  13:47

Со објава на социјалната мрежа „Икс“, иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, испрати остро предупредување дека евентуално ново разгорување на конфликтот со САД и Израел би донело, како што вели, „многу поголеми изненадувања“.

– Нашите моќни вооружени сили се етаблираа како првите што го соборија широко рекламираниот ловец „Ф-35“ – изјави тој. Со научените лекции и стекнатото знаење враќањето во војна ќе донесе уште поголеми изненадувања, додаде иранскиот министер.

Овие изјави доаѓаат во период на зголемена реторика меѓу Техеран и Вашингтон, откако американски претседател Доналд Трамп предупреди на можни нови напади доколку не дојде до договор во тековните индиректни преговори.