Skip to main content
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Коларевиќ и Абази се продолжена рака на коалицијата СДС и ДУИ

19/05/2026  09:13

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ

На граѓаните им е доста од обвинителства под политичка команда на политичките партии СДС и ДУИ. Случајот „Мазут“ е доказ дека СДС и ДУИ со години го користат правосудниот систем за свој личен штит и заштита на криминалот и личните партиските интереси.

Случајот Мазут е доказ дека тандемот Коларевиќ и Абази се коалиција во обвинителството, како што се СДС и ДУИ во политиката.

Катерина Коларевиќ, моминско Маркова, ќерка на Павле Марков, државен правобранител избран од владата на СДС во 1998 година, и на Вера Маркова, уставен судија во 2004 година, избрана од коалицијата СДС и ДУИ. Фамилијарни кариери во обвинителството на услуга на СДС.

Абази кој дојде на местото на Русковска во ОЈО ГОКК, комшија на Ахмети од Зајас, кој функционира на начин како што Али Ахмети ќе му каже.

Коларевиќ и Абази, застанаа цврсто во одбрана на криминалот на функционерите на СДС и ДУИ наречен “Мазут” вреден 167 милиони евра, и ги амнестираа Васко Ковачевски, Асмир Јахоски, Адријан Муча, Ратко Капушевски и Ерџан Сулковски без да ги спроведат во судница.

Што стои зад запирањето на постапката? Дали корупција, односно подмитување на обвинителите? Зошто Советот на јавни обвинители на Башким Бесими молчи и не бара и тој одговори за стопирањето на постапката?

Недозволиво е обвинители да се однесуваат како продолжена рака на политички центри на моќ. Недозволиво е институциите да ги игнорираат сомнежите, извештаите и информациите кои со месеци ја брануваа јавноста. Уште понедозволиво е јавноста да остане без одговор како и зошто е стопирана постапка за афера тешка 167 милиони евра.

Потребна е итна, независна и целосна истрага за сите аспекти на случајот „Мазут“, како и одговорност за секој што евентуално ја злоупотребил својата функција. Граѓаните заслужуваат правда, а не политички договори и институционален молк.

Времето на неказнивост мора да заврши.