Skip to main content
Македонија

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе нови кадровски одлуки за локалните комитети

18/05/2026  23:05

На вечерашната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ беа донесени повеќе кадровски решенија за претседатели на општинските комитети на партијата, како и избор на нов портпарол.

Од партијата информираат дека дел од избраните се нови лица кои треба да внесат свежина и нова енергија во средините од кои доаѓаат, додека дел се актуелни и веќе докажани претседатели кои, според ВМРО-ДПМНЕ, придонеле за значајни изборни победи и позитивни промени во локалните самоуправи.

За нов портпарол на ВМРО-ДПМНЕ е избран Валентин Манасиевски. Тој е долгогодишен активист на партијата, а својот политички ангажман го започнал во редовите на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Манасиевски има завршено високо образование на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а моментално е на мастер студии на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека со овие кадровски решенија се поставуваат темелите за понатамошно јакнење на партијата и градење на иднината на државата, како на локално, така и на централно ниво.

Во рамки на кадровските промени беа избрани претседатели на општинските комитети во повеќе изборни единици, меѓу кои

Во прилог, новите претседатели на општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ.

ИЕ 1

1. ОК Карпош – Тони Јаревски

2. ОК Кисела Вода – Иван Живковски

3. ОК Македонски Брод – Бисера Златеска

4. ОК Аеродром – Дејан Митески

5. ОК Центар – Сергеј Попов

6. ОК Сопиште – Јане Мицевски

7. ОК Студеничани – Кенан Абди 

8. ОК Сарај – Мартин Стојановски

ИЕ 2

1. ОК Чаир – Ѓоко Велковски

2. ОК Бутел – Дарко Костовски

3. ОК Чучер Сандево – Зоран Бајовски

4. ОК Гази Баба – Зоран Коцевски

5. ОК Куманово – Филип Филиповски

6. ОК Старо Нагоричане – Ивица Димковски

7. ОК Ѓорче Петров – Бојан Стојаноски

8. ОК Шуто Оризари – Ерџан Демир

ИЕ 3

1. ОК Зелениково – Дејан Димишковски

2. ОК Зрновци – Виктор Анакиев

3. ОК Чешиново Облешево – Славе Донев

4. ОК Илинден – Александар Ѓорѓиевски

5. ОК Петровец – Драгана Узелац

6. ОК Велес – Игор Здравковски

7. ОК Чашка – Трајче Мишкоски

8. ОК Градско – Александар Ѓорѓиевски 

9. ОК Лозово – Стојан Пешевки

10. ОК Свети Николе – Бојан Митев

11. ОК Штип – Душко Иванов

12. ОК Карбинци – Гордана Барбашка

13. ОК Кочани – Александар Андов

14. ОК Виница – Александар Јованов

15. ОК Македонска Каменица – Љупчо Марков

16. ОК Делчево – Иван Гоцевски 

17. ОК Пехчево – Миле Гошевски

18. ОК Берово – Столе Каракутовски

19. ОК Крива Паланка – Емил Спасовски

20. ОК Ранковце – Даниел Павловски

21. ОК Кратово – Љупчо Спиров

22. ОК Пробиштип – Тони Тоневски

ИЕ 6

1. ОК Тетово – Александар Велјановски 

2. ОК Гостивар – Мартин Андоновски

3. ОК Теарце – Радица Ѓорѓевска 

4. ОК Брвеница – Јовица Илиевски

5. ОК Јегуновце – Димитар Костадиновски