Skip to main content
Македонија

Владата: Институциите активно работат на изнаоѓање решенија што ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Законот за употреба на јазиците

18/05/2026  16:46

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска одржа работна средба, на која присуствуваа копретседателите на „Вреди“, Билал Касами и Изет Меџити, на која се разговараше на темата за употребата на јазиците при полагање на правосудниот испит.

Како што соопшти владината прес-служба, било нагласено дека само преку заеднички, мудар и достоинствен пристап може да се дојде до решенија што ќе значат напредок, меѓусебна доверба и заедничко чекорење кон иднината.

– Соговорниците се согласија дека образованието и знаењето претставуваат темел на секоја современа и успешна држава – стои во соопштението од Владата.

Оттука, како што се додава, институциите активно работат на изнаоѓање решенија што ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Законот за употреба на јазиците, со цел обезбедување правна сигурност и функционалност.