Skip to main content
Економија

ВЛЕН: 18,3 милиони денари за поддршка на бизнисите, занаетчиите и преработувачката индустрија

16/05/2026  12:17

Соопштение за јавност на ВЛЕН:

Поддршката за малите бизниси и домашните претприемачи добива конкретна форма преку мерки кои директно помагаат во економскиот развој и зголемувањето на конкурентноста. Министерството за економија и труд објави јавен повик со 11,34 милиони денари за микро, мали и средни претпријатија и занаетчии, преку кој ќе се кофинансираат до 40 проценти од трошоците за нови машини и алати, до 200 илјади денари по апликант.

Истовремено, обезбедени се и 2 милиони денари за сертификација на стандарди во преработувачката индустрија, со поддршка до 70 проценти од трошоците, како и 5 милиони денари за заеднички проекти меѓу компаниите и универзитетите, со поддршка до 500 илјади денари по проект.

ВЛЕН оценува дека овие мерки се во согласност со програмата за зајакнување на претприемништвото, семејните бизниси, иновациите и производствената економија. Инвестирањето во модернизација, стандарди и соработка меѓу бизнисот и академијата создава посилна основа за одржлив економски развој и нови работни места.

ВЛЕН останува посветен на политики кои ја намалуваат бирократијата, ги поддржуваат претприемачите и создаваат поповолни услови за бизнисите, занаетчиите, младите и жените претприемачи.