
Соопштение за јавност на СДСМ:
Прво Христијан Мицкоски призна дека Преспанскиот договор е ремек-дело на дипломатијата.
Потоа Тимчо Муцунски призна дека НАТО е феноменална работа.
Сега и претседателката Гордана Сиљановска призна дека прашањето за македонскиот јазик, култура и национален идентитет е апсолвирано.
Сите тројца, еден по еден, ја потврдија вистината што СДСМ ја зборуваше години наназад.
Сега е ред да се извинат на граѓаните на Македонија.
Да се извинат за сите лаги, за сите навреди, за сите лажни афери и кампањи со кои ги плашеа луѓето дека „ќе го загубиме името, јазикот и идентитетот”.
Да се извинат за тоа што со години ги мамеа граѓаните дека Преспанскиот договор е „предавство”, а сега самите го прифаќаат.
Да се извинат за сите години изгубени во изолација, за сите блокирани шанси и за сите лажни ветувања.
Ние од СДСМ не бараме извинување за себе.
Ние бараме извинување за граѓаните кои беа измамени, исплашени и манипулирани.
Вистината излезе на виделина.
Сега е време за одговорност.
Реформи сега. Правда сега. Европа сега.

