Skip to main content
Македонија

Му посакувам брзо оздравување вели Митева за Лукровски

14/05/2026  22:53

Портпаролката на Владата, Марија Митева, ги отфрли шпекулациите за наводна оставка на градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски, посочувајќи дека тој во моментов е на боледување и дека функцијата непречено ја извршува заменик-градоначалникот.

Во гостување во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, Митева нагласи дека не сака да навлегува во политички шпекулации додека Лукровски се соочува со здравствени проблеми.

„Мене ми е сериозно непријатно да зборувам за човек кој јавно кажа дека е на боледување и му посакувам побрзо оздравување. Согласно законските надлежности, избран е заменик-градоначалник кој непречено ќе продолжи да ја извршува функцијата“, изјави Митева.

Таа изрази очекување дека по завршувањето на боледувањето, Лукровски ќе се врати на функцијата и ќе продолжи со реализација на програмата за која ја добил довербата од граѓаните.

Митева додаде дека не сака јавната дебата да се сведува на, како што рече, „шпекулации што ги пласираат политичари од минатото“, оценувајќи дека таквиот начин на политичко дејствување е завршен.