Skip to main content
Македонија

СДСМ: Мицкоски повторно му диктира задачи на Обвинителот – Савески треба да си поднесе оставка

13/05/2026  16:18

Изјава за медиуми, Александар Саша Димитриејиќ – генерален секретар на СДСМ

Мицкоски повторно диктира задачи за јавниот обвинител.

Имаме скандалозно признание на Мицкоски дека разговарал со јавниот обвинител Ненад Савевски, од позиција на премиер и му дал насоки како да постапува Обвинителството.


Мицкоски вели, цитирам: „ако тоа не се случи, тогаш обвинителството дефинитивно го губи својот кредибилитет”.


Што е ова? Чиста наредба. Како што правеше од собраниска говорница, како што прави од телевизија, сега повторно, нова наредба на Мицкоски за јавниот обвинител кој самиот го избра и го постави.


Секој што се огрешил нека одговара, но не може премиерот да врши притисок врз обвинителот, односно да му наредува.


Судството и обвинителството во Македонија се под целосна контрола на Мицкоски и неговата организирана криминална група.


Затоа нема правда во Македонија и затоа нема реформи, затоа сме заглавени и со блокиран европски пат.


Мицкоски не ги исполнува реформите затоа што не сака независно судство, не сака Европско јавно обвинителство затоа што тоа би значело правда и крај на заштитата на криминалците на власт.


Мицкоски елиминираше некои независни кандидати кои ги нарече „медиокритети”! Што е ова?

Секој што нема да го исполни тоа што го бара, станува медиокритет и талог на општеството.


Новиот јавен обвинител, Савески, откако е дојден на функцијата, работи по нарачка на Христијан Мицкоски.


Мицкоски дава наредби – Савески исполнува.


Ако сака да сочува малку лично достоинство, најмалку што може да направи Савески е да си даде оставка, уште денеска.