Skip to main content
Свет

Трамп: Куба побара помош, ќе разговараме со Хавана

12/05/2026  21:40

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Куба побарала помош од Вашингтон и најави дека неговата администрација „ќе одржи разговори“ со Хавана, без да изнесе дополнителни детали.

„Ниту еден републиканец никогаш не ми зборувал за Куба, која е пропадната држава и се движи само во една насока – надолу! Куба моли за помош и ние ќе одржиме разговори!!! Во меѓувреме, јас заминувам за Кина!“, напиша Трамп во објава на својата социјална мрежа „Трут Соушл“ (Truth Social).

Засега нема официјален коментар ниту од Белата куќа ниту од властите во Хавана. Трамп претходно во неколку наврати се закануваше дека Куба е „следна на ред“, откако американските војници на почетокот на годинава го заробија лидерот на Венецуела, Николас Мадуро, кој беше долгогодишен сојузник на Куба.

САД веќе наметнаа дополнителни финансиски санкции и горивна блокада против Куба, ги ограничија патувањата на американските граѓани и ги намалија можностите за дознаки кон островот. Кина, каде Трамп престојува неделава за средба со претседателот Си Џинпинг, веќе го повика Вашингтон веднаш да ги прекине ембаргото и санкциите против Хавана.