
Доналд Трамп изјави дека сè уште верува оти САД можат да постигнат мировен договор со сегашното иранско раководство.
„Имате умерени и имате лудаци. Мислам дека умерените се повеќе почитувани. Лудаците сакаат да се борат до крај. Тоа би била многу кратка борба“, рече Трамп.
Тој продолжи со споредба со САД.

„Како и нашата земја, имаме лудаци. Јас ги нарекувам лудаци, ги нарекувам глупави луѓе. Во Иран, тие имаат свои умерени луѓе кои очајно бараат договор, а потоа ги имаат и лудаците“, рече американскиот претседател.


