
Соопштение за јавност на СДСМ:

Денеска Петер Маѓар положи заклетва и стана нов премиер на Унгарија. Пред еден месец тој порача дека Унгарија нема да биде сигурна куќа за криминалци и директно го спомена Никола Груевски.
Помина еден месец а Владата на Христијан Мицкоски и министерот Филков молчат.
Граѓаните заслужуваат јасен одговор на едноставно прашање:
Дали е испратено официјално барање за екстрадиција на Никола Груевски или не?
Прво беше оправдување дека „се комплетира документација” и потоа дека „процедурите се во тек”.
Сега што е изговорот? Што се чека?
Колку време ѝ треба на оваа криминална власт да испрати документација за осуден криминалец и бегалец од правдата?
Очигледно Мицкоски го штити Груевски.
Додека други држави, како Полска реагираа за еден ден и веднаш побараа екстрадиција на нивните функцинери, кај нас месец нема никаква информација дали документите воопшто се испратени.

