Skip to main content
Хроника

Пријавени пет случаи на семејно насилство во последното деноноќие

09/05/2026  14:08

На 08.05.2026 во 10:30 часот во радовишко село, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 54-годишен жител на селото, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал кон неговата 78-годишна мајка. Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш.

На 08.05.2026 во 19:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Х.С.(46) од кумановско село затоа што физички ја нападнал неговата мајка.

На 08.05.2026 во 18:35 часот во Струга, полициски слуижбеници од ОВР Струга го лишија од слобода А.Б.(53) од Струга, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 50-годишна сопруга.

На 08.05.2026 околу 21:30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Х.Р.(45) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 50-годишна сопруга, при што употребил тврд предмет.

На 08.05.2026 во 19:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Н.Д. (44) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека се заканувал на неговата поранешна 34-годишна сопруга.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.