Skip to main content
Скопје

Мустафаоглу: Ако договорот со „Маратон” е чист зошто ЈСП со месеци го крие

09/05/2026  09:54

Соопштение на Левица:

Советничката од Левица, во Советот на Град Скопје, Дарја Мустафаоглу обвинува дека веќе трет месец не и се доставува одговор на советничко прашање, поврзано со договорите и анексите склучени помеѓу ЈСП и фирмата „Маратон”. Иако, како што нагласи, според член 44 од Деловникот за работа на советот, одговор треба да и се достави во рок од десет дена, а најмногу до 30 дена, доколку се потребни сложени анализи, одговор до нема. 

„ Овде не станува збор за ништо од ова треба само да се скенираат договорите со ЈСП, анексите со ЈСП и да ми се пратат на мејл. Јавноста е запознаена со тоа дека овие договори го осакатуваат ЈСП со тоа што наместо претпријатието, кајмакот од највидливиот рекламен простор во државата го собира ‘Маратон’”, вели Мустафаоглу. 

За тоа што се кријат договорите и анексите и се избегнува темата воопшто, советничката вели дека „се јавува огромен сомнеж дека истите се и многу поскандалозни од чаршиските муабети”. 

Мустафаоглу прашува дали во тие договори постојат одредби со кои „Маратон” всушност се ослободува од обврската за исплаќање на, како што вели, „трошките кон ЈСП, па дури и дали ЈСП е субјектот којшто му исплаќа пенали на ‘Маратон’ по различни основи“. 

На Седница на Совет на Град Скопје потсети и дека ЈСП работи со загуба од над 33 милиони денари и дека претпријатието е едно од најзадолжените во државата со околу 614 милиони денари допеани, а неплатени обврски.  „Многу интересно, никаде не е наведен ‘Маратон”, иако ВМРО сака да претстави дека добивките од ‘Маратон’ се одлична прилика за градот Скопје, иако на претходните седници констатиравме дека тоа не е така”, рече советничката.