Skip to main content
Свет

Европратеници бараат создавање одбранбен сојуз и независност од НАТО

09/05/2026  09:17

Нов меѓупартиски сојуз на европратеници повикува на брзо создавање „европски одбранбена сојуз“, јави ДПА.

„Да сметаме единствено на САД за одбрана на Европа е опасен ризик“, се вели во соопштението потпишано од пратеници од целиот политички спектар, вклучувајќи ги Германците Мари-Агнес Штрак-Цимерман, Михаел Галер и Тобијас Кремер.

Тие наведуваат дека се потребни структури што ќе им овозможат на земјите да дејствуваат дури и без НАТО доминиран од САД во случај на вонредна состојба, вклучувајќи соодветни командни структури и сили за брза реакција.

Владите на ЕУ велат дека се подготвени да ги зајакнат своите воени капацитети, но им недостасува вистинска решителност, се вели во текстот, тврдејќи дека краткорочните национални интереси продолжуваат да го блокираат вистинскиот напредок во купувањето одбранбена опрема. Заедничката набавка би можела да заштеди до 100 милијарди евра годишно, рекоа тие.

Декларацијата не споменува нуклеарно одвраќање, иако германскиот европратеник Лукас Ципер рече дека новата група ќе го разгледа политички чувствителното прашање подоцна.