
На 07.05.2026 во 18:00 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Д.С.(65) од Кичево.
При претреси во неговиот дом и помошни простории во Кичево и во с.Попоец, кичевско, извршени со судска наредба, биле пронајдени и одземени две пушки и куршуми различен калибар.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


