Skip to main content
Економија, Македонија

Азески и Гицулика на разговори за квалитетот на виското образование

08/05/2026  09:53

Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески денес ќе оствари средба со претседателката на Европската асоцијација за обезбедување квалитет во високото образование (ЕНКА), проф. д-р. Кристина Гицулика. На средбата ќе се дискутира за вклученоста на бизнис заедницата во системот на високото образование, а фокусот посебно ќе биде ставен на учеството на бизнис зедницата во креирање на студиските програми, соработката во реализацијата на практичната настава и истражувачките процеси како основа за создавање иновативен и конкурентен бизнис.

Од аспект на бизнисот, квалитетот во високото образование е директно поврзан со продуктивноста, конкурентноста и долгорочниот развој на компаниите. Бизнисот не го мери квалитетот преку бројот на дипломи, туку преку вредноста што ја создава кадарот уште од првиот ден на вработување со знаење што е применливо, вештини што одговараат на реалните потреби на пазарот и способност за брза адаптација и иновација.

И токму поради тоа, само преку вистинско партнерство меѓу образованието и бизнис-заедницата може да се зборува за квалитет и градење кадар, кој не чека да биде обучен, туку веднаш придонесува за раст и конкурентност на економијата, како и создавање систем каде образованието не е изолирано, туку директно поврзано со економијата.

Проф. д-р. Кристина Гицулика е професор на Политехничкиот универзитет во Букурешт, Романија. Прва жена што ја презема оваа највисока лидерска позиција во организацијата од нејзиното основање.