
Руското Министерство за одбрана денес објави прекин на огнот со Украина од полноќ на 8 мај до 10 мај, по повод годишнината од поразот на нацистичка Германија во Втората светска војна.
„За време на прославата на 81-годишнината од Денот на победата, од полноќ на 8 мај до 10 мај, руската страна прогласува прекин на огнот“, соопшти министерството на Телеграм.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека ограниченото примирје на Русија ја разоткрива „чудната и несоодветна“ логика на нејзините лидери.
„Тие сакаат дозвола од Украина да ја одржат својата парада, безбедно да излегуваат на плоштадот еднаш годишно по еден час, а потоа да продолжат да убиваат, убиваат наши луѓе и да водат војна“, рече Зеленски.
„Русите веќе зборуваат за напади по 9 мај. Чудна и секако неадекватна логика на руското раководство“, додаде тој.
Зеленски за улогата на САД
Зеленски, исто така, рече дека Соединетите Американски Држави најдобро можат да го одржат мирот во Европа, како што правеа за време на Втората светска војна, со тоа што ќе демонстрираат „праведен и силен став против агресорот“.

