Skip to main content
Свет

Макрон разговарал со Пезешкијан за Ормуска Теснина

06/05/2026  22:15

Претседателот на Франција, Емануел Макрон изјави дека денеска телефонски разговарал со својот ирански колега Масуд Пезешкијан за повторно отворање на Ормуска Теснина.

Тој истакна дека го охрабрил Пезешкијан да „ги разгледа плановите на Франција и Велика Британија за создавање меѓународна мисија за поставување темели за безбеден транзит низ Ормуска Теснина“.

– Го охрабрив иранскиот претседател да ја искористи оваа можност и имам намера да разговарам за оваа тема со претседателот Трамп, објави Макрон на платформата Икс.