Skip to main content
Балкан

Четири лица загинаа во тешка сообраќајка во Србија

06/05/2026  08:07

Тешка сообраќајка се случила утрово во Србија во која загинале четири лица, а две се тешко повредени.

Според првичните информации, несреќата се случила поради судир помеѓу две патнички возила – „Опел Астра“ и „Голф 7“ на магистралниот пат Нови Пазар – Рашка.

Полицијата потврди дека три лица загинале на местото на настанот, додека едно лице починало при приемот во болница. Уште две лица се примени во Општата болница во Нови Пазар со тешки повреди, објави РТС.

Полицијата спровела истрага, а сообраќајот на овој дел од патот бил во прекин неколку часа.