Skip to main content
Хроника

Повторно судење за второ и трето обвинетиот лекар за случајот со родилката од Дебар

05/05/2026  15:00

Во Основниот суд во Струга утре ќе почне повторно судење за лекарите Блертон Асани и Лилјана Јовановска, второ и трето обвинети во случајот со родилката од Дебар, која при породувањето во Болницата во Струга остана без матка, јајник и бубрег.

Апелациониот суд во Битола ја потврди затворската казна за првообвинетиот гинекологот Мухамед Асани, а за другите двајца обвинети, кои беа ослободени од вина предметот е вратен на повторно судење.

Судечкиот судија Јордан Јованов информира дека во пресудата која е вратена од Апелација немало забелешки што да се преземе и на утрешното рочиште ќе бидат повторени изведените материјални докази, по што ќе следува пресуда.

– Сооглед дека во пресудата која се враќа е напишано повторно да се оценат доказите, ќе има повторување на изведените материјални докази и читање на исказите на сослушаните сведоци и вештаци. Потоа ќе следува пресуда, изјави Јованов.