Skip to main content
Македонија

10 месеци затвор за Костадинова за злоупотреба на европски средства

05/05/2026  18:18

Вработената во Министерство за земјоделство, Јасмина Костадинова, е осудена на казна затвор во траење од десет месеци, откако го призна делото примање мито поврзано со незаконско посредување при доделување финансиски средства од европската ИПАРД програма.

Според судската одлука, во казната ќе биде пресметано и времето што обвинетата го поминала во домашен притвор, кој започнал на 5 ноември 2025 година. Покрај затворската казна, судот одлучил да бидат конфискувани и 8.000 евра, кои биле запленети од истражните органи при извршените претреси и се сметаат за средства стекнати од кривичното дело.

Случајот не завршува со оваа пресуда, бидејќи истрагата опфаќа и други високи профили, меѓу кои поранешен директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, како и поранешен министер во Владата.