Skip to main content
Култура

Министерот Љутков на „Денови на македонската култура” во Брисел

05/05/2026  11:38

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков престојува во Брисел каде што вечер ќе има обраќање пред почетокот на концертот на Оркестарот за џез-музика, кој е дел од програмата на манифестацијата „Денови на македонската култура” во Белгија.

Манифестацијата „Денови на македонската култура”, на која македонската уметност се  претставува пред европската публика во најрепрезентативно издание, започна на 2 мај со настапот на Балетот при Националната опера и балет во Антверпен, а вчера програмата продолжи во киносалата „Синема галерис” (Cinema Galeries) во Брисел со проекција на филмот „Исцелител” во режија на Ѓорче Ставрески. До крајот на годината, манифестацијата ќе биде заокружена со изложба на теракотни икони од Виница во Европскиот парламент.

Манифестацијата „Денови на македонската култура” претставува исклучителна можност за промоција на богатото културно наследство и современото уметничко творештво на Македонија на меѓународната сцена. Оваа престижна манифестација се реализира и организира со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам.