Skip to main content
Свет

Иран: Пукавме кон американски разорувач

04/05/2026  18:49

Иранските државни медиуми претходно објавија дека војската погодила американски разорувач кој се обидувал да влезе во Ормутскиот теснец, тврдење што САД оттогаш го негираат.

Во ново соопштение од иранската војска се вели дека иранската морнарица „издала предупредување и испукала предупредувачки истрели по рутата на непријателските разурнувачи“.

Според иранската страна, американските разорувачи ги исклучиле радарите пред да се приближат до теснецот, а потоа биле „веднаш откриени“ откако повторно биле вклучени.

Потоа, како што е наведено, иранската морнарица испратила предупредување до разурнувачите „за опасностите од кршење на примирјето“ преку радио врска.

Војската, исто така, тврди дека е испратен уште еден „експлицитен предупредувачки сигнал“, со порака дека „секој обид за влегување во Ормутскиот теснец ќе се смета за кршење на прекинот на огнот и ќе биде пресретнат со поморски одговор“.

Додадено е дека предупредувачките истрели биле испукани откако американските сили „ги игнорирале“ предупредувањата