Skip to main content
Македонија

Од утре повисоки цени на бензините и дизелот

04/05/2026  15:11

Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука со која се зголемуваат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,47%, во однос на претходната одлука од 27 април.

Во новата пресметка се земени предвид и намалените акцизи – за 4 денари кај дизелот и за 2 денари кај бензините, како и намалениот ДДВ од 10% за бензините, што делумно го амортизира ценовниот раст.

Според одлуката, од 5 мај 2026 година од 00:01 часот, максималните цени ќе изнесуваат:

  • ЕУРОСУПЕР БС-95 – 85,00 денари за литар
  • ЕУРОСУПЕР БС-98 – 87,00 денари за литар
  • ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 93,50 денари за литар
  • Екстра лесно масло (ЕЛ-1) – 98,50 денари за литар
  • Мазут М-1 НС – 49,720 денари за килограм

Со оваа корекција, бензините и екстра лесното масло поскапуваат за 2,5 денари по литар, дизелот за 2 денари, додека мазутот бележи раст од 3,064 денари по килограм.

Од Регулаторната комисија напоменуваат дека станува збор за максимални цени, а трговците имаат можност да ги формираат и пониско во зависност од пазарните услови.