Skip to main content
Македонија

ВРЕДИ: Една недела до големото обединување

02/05/2026  11:14

Соопштение на ВЛЕН:

Една недела нè дели од големото обединување на Албанците во земјата. На 9 Мај, на Денот на Европа, ВЛЕН повеќе нема да биде само сојуз на политички субјекти. ВЛЕН ќе стане една единствена сила, со едно име, еден правец и една мисија.

Ова е момент што ја затвора ерата на политичка расцепканост кај Албанците. Со години поделбите им се продаваа како плурализам, а личниот интерес се пакуваше како патриотизам. Тоа време завршува.

Под слоганот ВЛЕН ЕДНО, 850 делегати ќе го запечатат овој историски процес. Пет политички субјекти ќе се обединат во едно политичко тело, како исполнување на даденото ветување пред Албанците за силен, организиран и одговорен политички фактор, подготвен да зборува со еден глас.

Деветти мај не е избран случајно. Тоа е Денот на Европа, ден што го симболизира обединувањето како вредност. Токму таа вредност ВЛЕН ја претвора во политичка реалност кај Албанците.

За оние што со години живееја од поделби, ова обединување е лоша вест. За Албанците кои бараат правец, одговорност и чесно претставување, ова е голема вест.

Една недела нè дели.
ВЛЕН ЕДНО. ВЛЕН доаѓа.