
Рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп се согласија за време на телефонскиот разговор вчера да продолжат со медијациските напори за решавање на конфликтот во Украина, но сè уште не се одредени конкретни датуми за нови разговори, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Песков им рече на новинарите дека Путин и Трамп се согласиле да продолжат со контактите меѓу руската и американската страна во врска со преговорите за завршување на војната во Украина, но дека сè уште не се договорени конкретни детали.
Путин во телефонскиот разговор со Трамп вчера предложи привремено прекин на огнот во Украина до Денот на победата во Втората светска војна, 9 мај, изјави помошникот на Путин, Јуриј Ушаков, додавајќи дека Трамп ја поддржува иницијативата.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека им наложил на украинските претставници да го контактираат тимот на Трамп и да ги разјаснат деталите од рускиот предлог за краткорочен прекин на огнот.

