
По повод празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, за време на трите дена од продолжениот викенд од 1 до 3 мај автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред, информираат од ЈСП Скопје.
На 01.05.2026 година (петок) и 03.05.2026 година (недела), дежурна ќе биде билетарницата на Транспортен центар од 08:00 – 14:00 часот.
Во сабота (02.05.2026 год.) билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со вообичаеното работно време (во две смени од 08:00 – 18:00 часот, и тие што работат во една смена од 08:00 – 13:00 часот).
Жичницата на Водно нема да биде во функција.

