Skip to main content
Скопје

Утре делови од Карпош ќе останат без струја

29/04/2026  22:00

Од ЕВН Македонија информираат дека поради планирани технички зафати во електросистемот, утре (30.04.2026 година) дел од корисниците во општина Карпош ќе останат без струја.

Прекинот ќе ги опфати корисниците лоцирани на улицата „Ловќенска“, поточно објектите со броевите 27, 29, 31, 33, 35 и 37.

Како што се наведува во соопштението, напојувањето со електрична енергија ќе биде во прекин во периодот од 09:00 до 14:00 часот.