Skip to main content
Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во среда поради посета на претседателот на Швајцарската конфедерација

27/04/2026  13:14

На 29.04.2026 (среда), во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Швајцарската конфедерација, Н.Е. г-дин Ги Пармелен. 

Од  тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје.

Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници, велат од МВР.