Skip to main content
Свет

Пожар во британска база каде се стационирани американски авиони бомбардери

26/04/2026  13:06

Во британската база на Кралското военовоздухопловство Ферфорд во Глостершајр синоќа избувна пожар, при што е оштетена зградата на поранешната кантина.

Засега нема информации за евентуално повредени луѓе, а огнот не ги зафатил авионите, пистите и хангарите.

РАФ Ферфорд е главна оперативна база во Европа за американските стратешки авиони бомбардери, првенствено за Б-1Б Лансер и Б52Х Стратофортрес.

Од март во базата се стационирани голем број авиони, кои се дел од операциите предводени од САД против Иран. Изминатите месеци во базата е забележана засилена активност, како и полетување и слетување на бомбардери и товарење на муниција.

Сè уште не е позната причината за пожарот, но ако се утврди дека е саботажа тогаш британските и американските власти ќе спроведат заедничка истрага.